Ѓорче Петров на испит – ако слави во Чаир ќе биде на милиметри од нова титула

Овој викенд ќе се одигра 20. коло во единственото женско сениорско натпреварување во Македонија. Актуелниот бранител на титулата, тимот на Ѓорче Петров, уште во ова коло може да ја оствари целта.

Ѓорчепетровки ќе гостуваат кај Чаир, кој заедно со Металург Автокоманда има по 49 бодови на табелата, додека тимот на Симе Симовски 55. Шампионот е фаворит во дуелот со Чаир, но ќе треба максималнно да одигра за да дојде до освојување на бодовите.

Ракометарките на Ѓорче Петров до крајот од натпреварувачката сезона имаат лесен распоред, односно ривали по мерка, со исклучок на незгодниот Вардар, па така со победа на саботниот дуел против Чаир ќе направат недостижна предност.

Во 20. коло ќе има уште еден интересен дуел, ќе играат Вардар и Куманово. Вицепрвакот моментално е подобро рангиран од „црвено-црните“, има 45 бодови, додека Вардар со 43 бодови сѐ уште може да се надева на подобар пласман,

Женска лига, 20. коло, распоред:
20/04, 13:00, Гевгелија – Металург Автокоманда
20/04, 13:30, Шампион – Стружанка
20/04, 14:00, Куманово – Вардар
20/04, 18:00, Чаир – Ѓорче Петров
20/04, 19:30, Скопје – Деспина
21/04, 12:00, Астибо – Пелистер
21/04, 19:00, Овче Поле СУ – Спартак

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ25241073
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА26221367
3ЧАИР24201361
4ВАРДАР25201461
5КУМАНОВО26190757
6СТРУЖАНКА251211237
7ПЕЛИСТЕР 2012241011331
8ДЕСПИНА251011431
9СКОПЈЕ25931330
10СПАРТАК24911428
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.25441716
12АСТИБО25402112
13ШАМПИОН2421217
14ГЕВГЕЛИЈА2510243