ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Битолчани без Периќ, камбек на Табоада – АЕК со еден екс пелистерец

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска го играат последниот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа.

Ривал е грчкиот АЕК Атина, кој беше совладан на мечот во јужниот сосед со 30-27 и кој ќе гостува во пеколна атмосфера во Битола.

Во ростерот на битолскиот тим нема да бидат Мартин Велковски, за кој заврши сезоната и Јосип Периќ, чија повреда бара мирување.

Камбек на дуелите од ЛЕ ќе имаат Реине Табоада, а се враќа и Немања Обрадовиќ, додека за АЕК ќе настапи некогашниот пелистерец Олександр Шевелев.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и АЕК Атина се игра вечерва во салата „Боро Чурлевски“ од 18:45 часот.