Во Струмица се играше без одбрана – паднаа 80 погодоци!

На натпревар со вкупно 80 постигнати погодоци, тимот на Астраион на свој терен го совлада Борец со 48:32 во рамки од 8. коло во прволигашкиот плеј-аут.

Струмичани во текот на целиот натпревар беа во предност, на полувреме имаа плус десет, 25:15, додека во вториот дел влегоа во уште поголема брзина и рутински се справија со гостите.

Најефикасен на теренот беше членот на Борец, Јован Атанасовски, кој во мрежата на домаќините постигна дури 20 погодоци.

Во победничката екипа се истакна Јордан Рингов со 12 реализации, седум додаде Александар Цонев.