ЅВЕЗДА НА 14. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА – ТЕОДОРА ДУКОСКА (ЧАИР)

Ракометарката на Чаир, Теодора Дукоска, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 14. коло во Женската лига.

За Дукоска ова е второ МВП признание, десното крило беше најкорисен играч и во второто коло од првиот дел од тековната сезона.

Дукоска на дерби дуелот против Вардар имаше блекаво издание и во мрежата на „црвено-црните“ постигна 13 погодоци.

Стружанката доби неверојатни 69% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека второпласираната Мила Трајковиќ од Металург Автокоманда имаше 31%.

Во конкуренција за ѕвезда на 14. коло беше и голманката од Куманово, Марија Јовановска.