Спортинг Лисабон го освои трофејот во Купот на Португалија и заокружи уште една историска сезона, откако во големото финале го совлада лутиот ривал Бенфика и славеше со 41-39 дури по 70 минути игра. Во регуларниот дел мечот заврши 35-35.
Финалниот натпревар се одигра во Лисабон, а „лавовите“ уште еднаш потврдија дека се доминантна сила во португалскиот ракомет. Франциско Кошта беше избран за МВП.
Со освојувањето на Купот, Спортинг ја комплетираше домашната колекција на трофеи и продолжи со импресивната серија успеси под водство на тренерот Рикардо Кошта. Лисабонскиот клуб претходно ја освои и шампионската титула во Португалија, обезбедувајќи место во Лигата на шампионите и за следната сезона.
За Спортинг ова е уште еден доказ за континуитетот на високото ниво на кое игра клубот во последните години, а триумфот во Купот претставува идеална увертира пред новите европски предизвици.

























