Бронза во ЛШ за ЧСМ Букурешт – мала утеха за неуспешната сезона

Екипата на ЧСМ Букурешт го освои бронзениот медал на завршниот турнир во Лигата на шампионите, откако во мечот за трето место славеше против Брест Бретањ со 32-26.

Ова е мала утеха за ЧСМ Букурешт, кој не освои ниту еден трофеј на домашна сцена, но сезоната ја финишираше со славје.

Уште од стартот на мечот избраничките на Бојана Поповиќ ја имаа контролата, на паузата водеа со 15-13, на стартот на второто полувреме Брест намали на минус еден, но тоа беше се од Вјахирева и колешките.

ЧСМ Букурешт остана во продолжение без Јауковиќ, која доби црвен картон по стартот над Вјахирева, но Ериксон се разбрани и не му дозволи на францускиот тим да помисли на камбек.

Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Омореги со осум гола, а Пинтеа и Брновиќ стрелаа по пет пати, додека Ериксон и Морески комбинираа 15 одбрани.

Одлична на голот на Брест беше Депуизе со 14 интервенции, а Меро даде 11 гола, но тоа не беше доволно за нешто повеќе на оваа средба.