Тимот на Ал Калиџ од Саудиска Арабија, за кој настапуваат Дмитро Горига и Кристијан Пилиповиќ, ремизираше со Ал Араби од Катар, 28-28, во натпревар од второто коло на Азиското клупско првенство.
Двата тима во текот на мечот водеа со по пет голови разлика, но на крајот мораа да се задоволат со по еден бод.
Во финишот кој беше драматичен, Ал Араби водеше со 28-27, но Горига во последните секунди успеа да погоди за реми. Тој даде само два гола на овој меч.
Пилиповиќ бранеше во најголем дел од мечот и успеа да запише седум одбрани од 22 удари кон неговиот гол со 32% успешност, па беше избран за МВП на мечот.
Од денешната програма на Азиското клупско првенство ќе играат уште Кувајт Клуб од Кувајт со Ал Наџма од Бахреин, како и Бурган од Кувајт со Шарџа од ОАЕ.
























