Тимот на Кувајт Спорт Клуб каде што игра македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, запиша втора победа на Азиското клупско првенство.
Кувајт Спорт Клуб предводен од Кузмановски, славеше против Ал Наџма од Бахреин, каде што игра вардарецот Урош Митровиќ, со 30-26.
Македонскиот лев бек одново беше меѓу најдобрите на теренот и успеа да постигне шест гола во противничката мрежа, а седум постигна Виктор Итуриза. Кузмановски беше избран за МВП на мечот.
Десниот бек од Србија, Митровиќ, беше втор стрелец во поразената екипа и стрелаше три пати во голот на Кувајт Спорт Клуб.
Претходно ремизираа Ал Калиџ и Ал Араби, 28-28, а денеска уште ќе играат Бурган од Кувајт против Шарџа од ОАЕ.























