Букти им даде 20 гола на Ѓер и Букурешт и стана МВП, Реистад е нај-стрелец

Француската реперзентативка Сара Букти беше прогласена за МВП, односно најкорисна ракометарка на завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Кружниот напаѓач на Мец, кој славеше во финалето против Ѓер со 31-29, даде 20 голови на Ф4 во дуелите со унгарскиот тим и против ЧСМ Букурешт во полуфиналето.

Таа од ова лето ќе дојде во Ѓер, во клубот над кој со Мец се израдува на историска титула во најелитната женска конкуренција.

Најдобар стрелец oваа сезона во Лигата на шампионите е левиот бек на Есбјерг, Хени Реистад со 99 погодоци.