Загреб приреди нова сензација, го сруши моќниот ПСЖ!

Ракометарите на Загреб на феноменален начин го потврдија местото во осминафиналето во Лигата на шампионите, откако на свој терен славеа над најбогатиот европски клуб ПСЖ со 28:26.

Хрватскиот шампион во претходното коло убедливо го совлада амбициозниот Колстад и со денешниот триумф над францускиот гигант покажа дека може да се носи против сите европски екипи.

Во текот на сите 60 минути се играше гол за гол, двете екипи наизменично се менуваа во предност и ниту една од нив не можеше да дојде до поголема разлика од два гола. Нерешените 13:13 на полувреме дадоа до знаење дека ќе гледаме интересен втор дел.

Пред пет минути пред крајот домаќинот имаше 24:22, но избраниците на Раул Гонзалез направија серија од 4:0, поведоа со 26:24 и кога требаше ја осигураат победата целосно се опуштија.

Тоа го искористи Загреб, кој возврати со иста мера, најпрво израмни на 26:26, додаде уште два гола во мрежата на гостите и со конечни 28:26 успеа да ја запише шестата победа во Лигата на шампионите.

Блескаво издание во победничката екипа имаше Лука Ловре Кларица со десет погодоци од 12 обиди, по четири постигнаа Иван Чупиќ и Милош Кос. Кај ПСЖ најефикасен со шест погодоци беше Камил Шипжак.

Загреб за последен ривал во рамки од групниот сегмент во Лигата на шампионите го има силниот тим на Кил, кој веќе обезбеди директен пласман во четвртфиналето.

ПСЖ во последното коло на свој терен ќе го пречека ПИК Сегед и ќе се обиде со победа да го заврши настапот во групната фаза во европската елита. Парижани, исто како и Кил, имаат директен билет во четвртфиналето.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1КИЛ14102222
2АЛБОРГ1483319
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1481517
4КЕЛЦЕ1464416
5ППД ЗАГРЕБ1462614
6ПИК СЕГЕД1461713
7КОЛСТАД1451811
8ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1400140