Кукуловски одново интернационалец – ќе игра за поранешен европски шампион!

Левиот бек на Охрид, Дејан Кукуловски, по две сезони во македонскиот тим, одново ќе стане интернационалец и ќе настапува во странство, дознава 24Ракомет.

Сепак нема да биде далеку од дома, бидејќи потпиша со некогашниот двократен европски шампион Металопластика Шабац, кој освојуваше титули во 1985 и 1986 година.

Ресенчанецот Кукуловски ќе заигра во српскиот шампионат за тимот кој ги донесе и некогашниот член на Бутел, Владимир Јевтиќ, потоа Филип Марјановиќ, Бранко Томиќ…

Металопластика Шабац оваа сезона не обезбеди место во ТОП 4, но има зголемени амбиции за наредната сезона на домашна сцена.

Кукуловски ја одработува втората сезона во охридскиот клуб, а претходно играше за Вардар, Вардар Јуниор, Еурофарм Пелистер 2, чешкиот Брно…