Ракометната сезона во Србија доби мрачен епилог. Партизан е прогласен за шампион откако вториот натпревар од финалната серија против Војводина во Нови Сад беше прекинат поради инциденти на трибините, а домашниот тим потоа одби да се врати на теренот.
Според извештаите, Војводина водел со 6-5 во 15. минута, но од тој момент не се одигра ниту секунда ракомет. Навивачи на Партизан двапати фрлале пиротехника на терен, по што судиите ги испратиле екипите во соблекувална. Домаќинот тоа го сфатил како дефинитивен прекин и подоцна одбил да продолжи со натпреварот.
Телеграф пишува дека мечот потоа бил регистриран со службен резултат 20-0, што практично значеше и титула за белградскиот клуб. Партизан во првиот натпревар од финалето победи со 33-27 и дојде во Нови Сад со предност од 1-0 во серијата.
Мондо наведува дека церемонија за доделување на трофејот не била организирана веднаш, бидејќи прво натпреварот треба да биде формално регистриран со службен исход, но Партизан сепак беше прогласен за шампион и со тоа ја продолжи доминацијата започната минатата сезона, кога го прекина долгиот шампионски низ на Војводина.
Наместо спортска приказна и финале за паметење, српскиот ракомет доби завршница која ќе се анализира по дисциплинска линија и низ прашањето – како финалето воопшто дозволи да заврши вака.
























