На последниот меч на сезоната Вардар мораше да се помачи и да најде мотив да го победи Бутел, бидејќи гостите во најголем дел од средбата имаа водство. Сепак на крајот „црвено-црните“ победија со 36-34 (17-19). Ги добија и медалите и пехарот кој по 17. пат ќе биде дел од витрините на клубот.
Мечот требаше да се игра на теренот на Бутел, но тие му излегоа во пресрет на Вардар кој токму на домашен терен требаше да ги прими медалите и пехарот.
Последните 15 минути од средбата вардарци „уфрлија“ во повисока брзина и од негатива, 29-30 стигнаа до водство, 32-30, а потоа и 34-31. На 6 минути до крај се беше решено.
За Вардар ова беше 30. триумф сезонава, и постигна вкупно 1057 гола, освојувајќи 60 бода.
Ова беше последен меч и за Мигуел Пинто, Харуки Кавада, Марек Марчинијак, Марио Танкоски и Николас Боно кои за последен пат играа во дресот на Вардар. Иако не беа во состав од тимот заминуваат ии Кристијан Стаменковиќ, Мигуел Еспиња и Дмитро Горига.
Урош Митровиќ со 6 гола и Харуки Кавада исто така со 6 беа најпрецизни кај Вардар, а Дејан Михајловиќ и Тодор Узунчев дадоа по 8 гола.
























