Ракометарките на Вардар победнички ја завршија сезоната во Супер женската лига, откако славеа кај Астибо со 45-37.
Во мечот што се играше без многу одбрани на двете страни и паднаа дури 82 гола. Штипјанки пружија силен отпор во првиот дел, во кој водеа и со четири погодоци, но на до паузата вардарки направија пресврт и заминаа со гол предност на одмор, 23-22.
Штипјанки беа во игра за позитивен резултат уште десетина минути во вториот дел, но потоа вардарки комплетно ја преземаа контролата, отидоа на плус четири и до крајот не дозволија нов камбек на Астибо.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Трифуновска со седум, како и Беровиќ, Нина Попова и Ања Лашкоска со по шест гола. Кај Астибо, Ксавиер стрелаше 13 пати, а Анчева погоди осум пати.
























