ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Во Битола се решава второто место, Ѓорче Петров ќе биде крунисан

Еурофарм Пелистер денеска има „меч топка“ на домашен терен и дуел со „сино-белиот“ тим од Автокоманда во битката за второто место во Супер машката лига.

Битолчани во моментов имаат 50 бодови на третата позиција на табелата, додека Охрид е втор со 52 бода. Ако пелистерци слават ќе се израмнат бодовно, но имаат подобар меѓусебен двобој со охриѓани и ќе бидат втори.

Ако Вардар добие вајлд-карта за Лигата на шампионите, второто место носи директен пласман во Лигата на Европа.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и тимот на Кирил Лазаров ќе се игра од 18:00 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

Покрај овој дуел, денеска ќе има уште натпревар на македонските терени. Шампионот Ѓорче Петров го игра последниот натпревар за сезоната на домашен терен од 17:00 часот во салата „Христо Батанџиев“ против екипата на Спартак и ќе ја добие титулата и медалите.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: 

17:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – СПАРТАК (СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА)
18:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – АЛКАЛОИД (СУПЕР МАШКА ЛИГА)