Новиот „охриѓанец“ игра одлично за Нант – беше меѓу најдобрите против Монпелје

Новиот кружен напаѓач на Охрид, Шуичи Јошида, игра одлично во финишот на сезоната во дресот на Нант.

Неговиот тим Нант загуби во финалето на Купот на Франција од Монпелје со 27-24, а Јошида остави одличен впечаток.

Тој беше меѓу најдобрите во поразената екипа и успеа да погоди три пати од три обиди во голот на Дебоне.

Јошида ја одработува втората сезона во дресот на Нант, претходно играше за Данкерк и за полскиот Тарнов.

Монпелје го тресна Нант и го освои 15 трофеј во Купот на Франција!