Екипата на „витамините“ од Автокоманда трета сезона по ред е младински шампион на Македонија, а откако ја обезбеди титулата на четири кола до крајот, денеска го доби шампионскиот пехар.
Момците на Миле Бочкаровски славеа против Еурофарм Пелистер 2 со 33-25 во натпреварот од 7 коло од плеј-офот.
Матески и Ѓокески беа најдобри стрелци со по седум гола кај победникот, додека десет гола за битолчани даде Андреј Дамчевски.
Тимот од Автокоманда со новите бодови собра вкупно 48 на првата позиција, а по мечот селекторот на машката кадетска репрезентација, Горан Кузманоски, им ги додели медалите и пехарот на старо-новите шампиони.
Во преостанатите три кола, ќе биде интересна битката за второто место на табелата – Еурофарм Пелистер 2 и Пролет имаат по 34 бода, а Бутел Скопје има 32.
























