Вардарки по четири сезони се враќаат во Европа – ќе играат двапати на гостински терен

Раккометарките на Вардар по четири сезони пауза ќе се вратат на европска сцена и ќе бидат дел од ЕХФ Европскиот Куп.

Иако првично беше најавено дека дуелите од второто коло од ЕХФ Европскиот Куп ќе се играат дома-гости, сепак ЕХФ потврди деа Вардар двапати ќе игра на гостински терен кај италијанскиот Бриксен.

Првиот натпревар е закажан за 2 октомври од 19:00 часот, додека реваншот на кој вардарки формално ќе бидат домаќинки ќе биде следниот ден.

Тој е закажан за 3 октомври од 18:00 часот. Двата меча ќе се играат во „Паласпорт Бресаноне“ во Бриксен.