КАДЕТКИ: Вардар и Ѓорче Петров победија со 55 голови разлика

Стартуваше новата сезона во женската кадетска лига, а на програмата беа одиграни два натпревари во Скопје и Прилеп, во кои фаворитите победија со 33, односно 22 голови разлика.

Ѓорче Петров оствари убедлива победа на гостувањето кај Маркови Кули, славејќи со 51:18. Гостинките уште во првото полувреме направија голема разлика и на пауза заминаа со предност од 28:12. Во вториот дел Ѓорче Петров продолжи во ист ритам и на крајот стигна до +33.

Најефикасна во победничкиот состав беше Клара Филимановски со десет гола, додека Магдалена Костадиновска постигна осум. По пет погодоци запишаа Теа Петрушевска и Ивана Глогуновска. Кај Маркови Кули, Каталеа Ивановска беше најдобар стрелец со седум гола, додека Јана Трајкоски постигна пет.

На вториот натпревар, Вардар на домашен терен беше убедлив против Деспина и славеше со 42:20.

Вардарки уште од самиот почеток ја имаа контролата во свои раце и по само десетина минути имаа 8:2. До паузата предноста порасна на 21:10, а во второто полувреме домаќинките без проблем ја зголемуваа разликата до конечни +22.

Прв стрелец на Вардар беше Мина Ѓурческа со десет гола, Евгенија Смиљковска постигна девет, а Ана Михајловска даде шест. Кај Деспина, Ивана Конеска беше најефикасна со осум гола, додека Ивана Спасеска постигна седум.

Кадетки, 1 коло, резултати:

Маркови Кули – Ѓорче Петров 18:51 (12:28)
Вардар – Деспина 42:20 (21:10)
Чаир – Кале Кичево одл.