„Сино-белите“ од Автокоманда во Австрија ќе бркаат прогрес во Европа

Денеска во Виена се одржа ждрепката за второто коло од ЕХФ Европскиот Куп во машка конкуренција.

Тимот на Кирил Лазаров, кој го освои трофејот во ова натпреварување во 2024 година, ќе се соочи со екипа од Австрија.

Станува збор за тимот на Ферлах, кој во претстојната сезона ќе го има својот втор европски настап во клупската историја.

Првиот натпревар е на програмата на 17/18 октомври во Македонија, додека реваншот ќе се одигра на 24/25 октомври во Австрија.