Патрик Винчек повторно заигра на ракометните терени, откако реши да ја заврши играчката кариера минатата година.
Иако легендарниот германски пивот ја заврши кариерата во 2025 година, тој се појави во дресот на младинската екипа на Кил (У23) на натпреварот против младинците на Фленсбург во Регионалната лига.
Винчек покажа дека голгетерскиот инстинкт не исчезнал – постигна пет гола во победата на Кил од 37:29, со што беше втор стрелец на тимот.
Во пониските германски лиги, правилата дозволуваат и по еден постар ракометар да игра за У23 екипите, па навивачите добија неочекувана можност повторно да го видат Винчек на теренот.


























