Веспрем ги однесе бодовите од Битола

Екипата на Еурофарм Пелистер го доживеа петтиот пораз во Лигата на шампионите, откако во натпревар од 6. коло од групата А беше поразена од Веспрем со 30:23.

Пелистерци во следното, 7. коло од европската елита ќе гостува во Данска кај Фредериција, која вчера успеа да ја изненади Висла Плоцк.

Натпреварот го отвори левиот бек Борзаш, погоди за 1:0, а избраниците на Чави Пасквал за две-три минути игра постигнаа три гола и во 5 минута имаа плус два, 3:1.

Од тој момент унгарскиот шампион константно беше во предност, а по осум минути игра имаше плус четири, 8:4. Најзаслужен за овие плус четири на гостите беше голманот Коралес, кој до 10 минута имаше четири интервенции.

Својот деби гол во елитното натпреварување го имаше младиот член на Еурофарм Пелистер, Алем Хаџиќ, кој намали на 10:7. Босанскиот интернационалец покажа дека може да одигра против силни екипи како Веспрем.

Гостите кон средината на првиот дел имаа 11:7 и до крајот на првиот дел не дозволија Еурофарм Пелистер резултатски да се доближи. Македонскиот шампион, главно, преку бековската линија доаѓаше до реализација. Во последните десет минути немаше промени, гостите водеа со три-четири гола и на пауза заминаа со предност од 17:12.

На стартот на вториот дел Веспрем дојде до 20:13 и тука беше јасно дека домаќините ќе имаат тежок предизвик. До 40 минута, голманот Митревски имаше пет интервенции, на спротивната страна Коралес шест повеќе – 11.

Во 45 минута предноста на Веспрем беше 24:17, додека пет минути подоцна, односно во 50 минута, гостите имаа плус шест, 25:19. Пелистерци се обидуваа да дојдат до помала негатива, но не можеа никако да спуштат под пет.

Филип Кузмановски со седум погодоци беше најдобар поединец во редовите на македонскиот претставник. Кај гостите, освен голманот Коралес со 13 интервенции, се истакнаа Лука Циндриќ со осум и Хуго Деска и Лудовик Фабрегас со по шест погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ВЕСПРЕМ650110
2ПСЖ ХЕНДБОЛ650110
3СПОРТИНГ64119
4ДИНАМО БУКУРЕШТ64028
5ФУКСЕ БЕРЛИН63036
6ВИСЛА ПЛОЦК61052
7ХК ФРЕДЕРИЦИЈА61052
8ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР60151