По големиот успех и обезбедениот пласман во Супер лигата, Младост Богданци веќе активно работи на создавање конкурентен тим за настап во елитното македонско ракометно друштво.
Клубот од Богданци потврди дека на сите ракометари кои учествуваа во суперлигашката промоција им била понудена понатамошна соработка, но дел од нив нема да останат наредната сезона.
Клубот се раздели со Лазар Адамовиќ, Кристијан Костадиновски, Никола Димитров, Жоао Диас Гекас и Богдан Николиќ.
Во меѓувреме, Младост веќе ги откри и првите засилувања за сезоната 2026/27. Нови имиња во тимот се голманот Благој Панов, левиот бек Тодор Узунчев, десниот бек Ахмед Мајдоуб и левото крило Славе Јанковски, а соработката ја продолжија тренерот Горан Андоновски и неговиот син Даниел, потоа Ѓорѓе Атанасов и голманот Живојин Илиќ.






















