Матеа Плетикосиќ, една од најдобрите ракометарки на Подравка, се омажи во Загреб со избраникот Андрија Шошо, откако зад себе остави уште една успешна сезона во која клубот ја освои двојната круна во Хрватска и стигна до осминафиналето во Лигата на шампионите.
Оваа 28-годишната ракометарка го искористила летниот одмор за еден од најважните денови во приватниот живот. Според хрватските медиуми, Плетикосиќ и Андрија Шошо го кажале судбоносното „да“ во една загрепска црква, по што следела голема свадбена прослава што траела до доцна во ноќта.
Плетикосиќ зад себе има силна сезона во дресот на Подравка, каде е една од главните организаторки на играта. Во европската сезона 2025/26 постигна 83 гола во Лигата на шампионите.

Клубската сезона за Подравка беше особено успешна и на домашна сцена. Екипата ја освои титулата во Хрватска, а потоа тргна и по нов трофеј во Купот, додека во Европа избори место во осминафиналето на најсилното клупско натпреварување.























