Вардар плати обештетување и го потпиша Полјакот Валах!

Најтрофејниот машки македонски ракометен клуб Вардар го потврди трансферот на полскиот голман Милош Валах кој треба да брани за „црвено-црните“ во следните две сезони. Клубот потврди дека за неговото доаѓање е платено обештетување бидејќи имал договор со Келце. Тој треба да биде во Скопје најмалку две сезони, до јуни 2027 година.

Овој 24-годишен ракометар лани се врати во Келце, откако претходно беше позајмен во Вибжеже Гдањск и таму настапуваше две сезони. Немаше голема шанса да го покаже својот квалитет, па во Вардар доаѓа како играч кој допрва треба да ги покаже своите голмански способности.

На последниот меч од Лигата на шампионите меѓи Келце и Фуксе Берлин, новиот голман на Вардар имаше одлично прво полувреме и на крајот собра девет одбрани и неговиот тим имаше предност од два гола, покажувајќи ги своите квалитети. Го одбрани и последнио удар на гостите кои може и поубедливо да триумфираат во Полска.

Валац е второто засилување за екипата за следната сезона, по неговиот сонародник Марек Марцинијак. Клубот најави и други засилувања.