Вардар на крилјата на Крсманчиќ и Петриќ го победи Охрид

Вардар се искачи на второто место на тaблета во машката Супер лига откако во дербито на 10 коло го победи Охрид со 29-26 (14-11). Два одлични периоди во играта на „црвено-црните“ беа доволни за триумфот над Охрид, и тоа во периодите кога на теренот блескаат Младен Крсманчиќ и Стефан Петриќ. Тие беа клучни во периодите кога Вардар резултатски се врати во игра, а потоа и резултатски избега.

Сега Вардар е втор на табелата со 18 бода, два помалку од градскиот ривал од Автокоманда. За Охрид ова е втор пораз сезонава и ќе биде на делба на третото место заедно со Еурофарм Пелистер.

Освен почетните 1-0 за Вардар, гостите во следниот период ја имаа резултатската предност во своја корист. Охрид поведуваше, а Вардар израмнуваше. Секој напад беше клучен и важен, па откако една акција заврши во стативата, а потоа и една техничка грешка на Вардар му дадоа шанса на тимот од Охрид да направи солидна предност од „плус 3“ и во 16 минута да го има највисокото водство од 9-6. Во овој прв период од играта голманот на Охрид, Градимир Чаневски имаше дури пет одбрани, па тој го држеше Охрид во позитивата.

Но, тренерот на Вардар, Стојанче Стоилов и покрај негативниот резилтат не бараше тајмаут, туку напротив продолжи со тимот со кој играше. Вардарци не покажаа нервоза, туку напротив полека ја топеа предноста на „гладијаторите“. Срдановиќ, Коиј и Крсманчиќ погодија за намалување на 10-9. Тогаш Стоилов побара минута одмор, подели совети а потоа Младен Крсманчиќ пак погоди за израмнување на резултатот, на 10-10.

Вардар продолжи да игра добро, и серијата голови стигна до 7-0, па од негатива 7-10 сега „црвено-црните“ има водство од 14-10 во 28 минута.

Но, добрите минути на Вардар не продолжија во второтополувреме, туку Охрид брзо направи „брејк“ и не само што израмни, туку преку Гоце Ојелски и поведе со 15-14 во 35 минута. Како најава за интересени 25 минути до крај на средбата.
Голманот на Охрид, Даниел Ѓорѓески двапати ги одбрани пеналите на Марко Срдановиќ, но првиот од нив од одбиена топк асепак прими гол. Охрид имаше водство, а Вардар израмнуваше. Слично како во првото полувреме.

Во 42 минута Стевче Алушовски го бара својот втор тајмаут, а потоа Пешиќ погодува з аново водство 19-18. Кога Охрид поведе со 20-18, домаќините побараа минута одмор да ги средат редовите. И брзо дојде израмнувањето, 20-20.

Потоа се играше „гол за гол„ пред да стапи Петриќ насцена кога маше серија од проектили со кои го одлепи Вардар на неколку голови . Кога на семафорот беше 27-24 беше јасно дека бодовите остануваат во Скопје.

Во победничкиот им на Вардар најпрецизне беше Стефан Петриќ со 6 гола, а по пет постигнаа Младен Ксраманчиќ и Марко Срдановиќ. Кај гостите Живан Пешиќ постигна седум гола