Михајловски: Вардар ќе биде 40 отсто посилен, Фадуил е последното засилување

Вардар продолжува со комплетирањето на тимот за следната сезона, а ново име во ростерот на „црвено-црните“ ќе биде францускиот среден бек Матео Фадуил. Информацијата ја потврди претседателот на клубот Михајло Михајловски на денешната прес-конференција, посочувајќи дека со потписот на Фадуил практично е затворен ростерот за следната сезона.

„Имаме слух и занење да бираме играчи кои сааат да се докажуваат, а не да дојдат и само да земаат пари. Тоа е наша врлина. Последното наше засилување, е Матео Фадуил кој потпиша договр со нас. И со тоа е зокружена екипа. Имаме 4 нови играчи, Вардар очекувајте сите, ќе биде барем 40 отсо посилни, барем така мисли мојот тренер Иван Чупиќ. Тоа ни дава наде дека ќе бидеме силни в година, изјави Михајловски.

Фадуил има 23 години и игра на позицијата среден бек. Целата досегашна кариера ја мина во Франција, а во своето ракометно созревање беше дел и од Нант, каде што настапуваше во периодот од 2019 до 2021 година.

Во актуелната сезона Фадуил настапува за Трембле, каде на 24 натпревари постигна 157 голови, бројки што го потврдуваат како ракометар со сериозен напаѓачки учинок. Во клубот од Трембле е од 2022 година, а во кариерата настапуваше и за Саран како позајмен играч, како и за Кретеј.

Фадуил беше дел и од подготовките на сениорската репрезентација на Франција пред Европското првенство во 2026 година, што дополнително говори за неговиот потенцијал и за реномето што го има на француската сцена.

Со неговото доаѓање, Вардар добива уште една опција во организацијата на играта и важен играч во бековската линија. Претходно, „црвено-црните“ за следната сезона ги договорија и Мохаб Абделхак, Милан Бомаштар и Леон Љевар.

Според досегашните бројки, настапи и развој во францускиот ракомет, Фадуил во Скопје доаѓа како играч од кого се очекува да биде значајно засилување во тимот на Вардар за сезоната што следува.