Како дел од прославата на 65 години пред дуелот од 6. коло на плејоф средбата против локалниот ривал од Автокоманда, на терен заедно со играчите во ретро дресови се појавија и дел од легендите од првите генерации на Вардар, пред 2000 година и од самите почетоци.
Со громогласен и долг аплауз беа поздравени дел од оние кои низ овие 65 години достоинствено ги бранелe боите на РК Вардар.
На теренот заедно со играчите излегоа: Миодраг Мицковиќ, Владимир Шахов, Александар Књазев, Зоран Петковски, Александра Царчев, Стојан Петрушевски, Кирил Атанасовски, Тони Николовски, Емил Стојановски, Љубомир Илиевски, Сречко Горгиевски, Зоран Гиевски, Аце Станковски.
Вардар е лидер на табелата и пред промоција во нов шампион, и обединувач на двојната титула.
View this post on Instagram

























