ПИК Сегед му посака добредојде на Дмитро Горига!

Левиот бек Дмитро Горига по две сезони на лето ќе се раздели со Вардар и ќе има нов предизвик во кариерата.

Украинецот со македонски пасош потпиша договор на две сезони со унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед и ќе остане таму најмалку до 2028 година.

Иако Вардар посакуваше Горига да остане уште една сезона, сепак двете страни не се договорија околу продолжување на соработката.

„Возбуден сум за шансата да заиграм за ПИК Сегед и да ја почувствувам оваа посебна атмосфера во клубот и градот. Слушнав многу убави работи за фановите и едвај чекам да ја почувствувам поддршката. Мојата цел е да дадам максимум секој ден, да напредувам и да му помогнам на тимот да дојде до нови успеси. Ќе направам сè за навивачите да се гордеат со нас. Едвај чекам да го започнам ова ново поглавје“, изјави Горига.

Горига во ПИК Сегед доаѓа на местото на Рихард Бодо, кој по десет години заминува од клубот, а на левата бековска позиција се уште Борут Мачковшек и Мате Фазекаш.