Вардар ја „доби“ Струга и утре ќе навива за Охрид

Вардар очекувано и лесно триумфираше против Струга 40-26 (19-11) во последниот меч од регуларниот дел од сезоната останувајќи на врвот од табелата. Веќе следниот викенд почнува разврската за титулата кога најдобрите шест тимови ќе играат уште десет кола.

Сега вардарци ќе „стискаат палци“ за Охрид на утрешниот меч против Алкалоид во Скопје. Ако Охрид освои барем бод на тој дуел тогаш Вардар ќе стартува од првата позиција во разигрувањето за титулата и ќе тргне со три бода.
Во спротивно прв ќе биде Еурофарм Пелистер, а Вардар ќе тргне со два бода во разигрувањето за титулата.

Струга разигрувањето за опстанок ќе го почне со еден бод на салдото, бидејќи остана на 11 место, со седум бода, а пред последнопласираниот Радовиш. И екипите а опстанок ќе играа десет кола, а последниот директно ќе испадне, а претпоследниот ќе игра бараж за опстанок со вторпласираниот од Прва лига.

На мечот во Скопје немаше дилеми, ниту пак младите стружани можеа да им се спротистават на поискусните домашни ракометари. Иако Вардар настапи без повеќе стандардни првотомци, како Јагуриновски, Аларов, Коиј; Николиќ, Мело тоа не беше пречка за домашните уште н аполувреме да имаат водство од 19-11.

Неизвесно беше само со која разлика ќе заврши мечот. Но, и покрај поразот младите стружани покажаа дека во рацете имаат многу знаење, само им треба искуство и поддршка од некој поискусен покрај нив. Расадникот на таленти од Струга продолжува да произведува играчи.

Натпреварот почна со монтута молк, а домашните ракометари н азагревање беа со специјални маички во спомен на починатите во Кочани, и настапија во спортска гарнитура со темни боја.