Македонската репрезентативка Сара Ристовска, која летово од руската ЦСКА Москва се пресели во романскиот Рапид Букурешт, продолжи во истиот ритам.
Таа се најде во идеалниот тим по првото коло од романскиот шампионат во изборот на „UPSkill“ и „Handbal Feminin“, по одличната партија против Магура Чиснадие.
На тој натпревар Рапид Букурешт славеше со 30-22, a десното крило постигна четири погодоци од четири обиди.
Рапид Букурешт и Ристовска го одиграа веќе и вториот натпревар, славеа кај Таргу Жиу, а викендов ги очекува стартот на Лигата на шампионите.