Поранешниот ракометар на Тиквеш, нигерискиот десен бек Ани Обина, ќе има нов предизвик во својата кариера и ќе заигра во Катар.
Репрезентативецот на Нигерија во следните две сезони ќе го носи дресот на амбициозниот Ал Ахли.
Обина остави одличен впечаток за време на двегодишниот престој во Кавадарци, каде играше до 2025. Со своите игри беше еден од најдобрите поединци на Тиквеш, а во последната сезона беше и најдобар стрелец на клубот.
Нигерискиот десен бек со Тиквеш настапуваше на европска сцена во ЕХФ Европскиот Куп и беше миленик на навивачката група „Лозари“.
По заминувањето од Македонија, Обина кариерата ја продолжи во француски Бијер, а сега следува нов интернационален предизвик.
























