Димоска даде 12 гола, Ѓорче Петров 2 имаше успешна генерална проба пред суперлигашкиот бараж

Тимот на Ѓорче Петров 2 ја совлада Јехона со 36-12 во последниот натпревар од сезоната во Првата женска лига.

Младите „лавици“, како и многупати оваа сезона, победникот го решија уште по првото полувреме, кога водеа со 17-4.

Марија Димоска со 12 голови беше предводничка на победничкиот тим, а Алтина Хасани даде пет гола за домашниот состав.

Од претходно Ѓорче Петров 2 го имаше обезбедено второто место на табелата и пласманот во суперлигашкиот бараж.