ПСЖ ја продолжи доминацијата – 12 пат по ред стана шампион на Франција!

Екипата на ПСЖ ја продолжи доминацијата во францускиот ракомет и на две кола до крајот официјално ја обезбеди шампионската титула во домашниот шампионат.

Парижаните на домашен терен го совладаа Нант со 34-31 и станаа недостижни за конкуренцијата на врвот на табелата. Најефикасен во победничкиот состав беше Елоим Пранди со девет постигнати голови.

За ПСЖ ова е дури 12-та титула во низа во француското првенство и вкупно 13-та во клупската историја, со што уште еднаш ја потврдија апсолутната доминација во Франција.

Нант, кој важеше за најсериозен конкурент сезонава, не успеа да го прекине шампионскиот поход на тимот од Париз, кој и оваа сезона ја завршува на тронот.