ИДЕАЛЕН ТИМ НА 9. КОЛО OД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во пролетниот дел од сезоната.

Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 9 коло од плеј-оф/аут во суперлигашката конкуренција.

Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.

Meѓу номинираните за ова коло има двајца ракометари од Еурофарм Пелистер и по еден ракометар од Еурофарм Пелистер 2, Прилеп, Вардар, Куманово и „сино-белиот“ тим од Автокоманда.

За МВП на колото ќе можете да гласате до недела до 12 часот.

Супер лига, плеј-оф/аут 9. коло, резултати:

КУМАНОВО – РАДОВИШ 38-21
СТРУГА – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 29-40
ПРИЛЕП – ПРОЛЕТ 29-27
ОХРИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 22-25
ВАРДАР – ТИКВЕШ 36-26
АЛКАЛОИД – БУТЕЛ СКОПЈЕ 37-21

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈКОРИСЕН РАКОМЕТАР НА 9. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФОТ/АУТ ВО МАШКАТА СУПЕР ЛИГА?

Омар Мамду - среден бек - Куманово
33.33%
Кристијан Анастасовски - пивот - Вардар
16.67%
Никола Шипинкоски - десен бек - Прилеп
16.67%
Улфи Тордарсон - лево крило - Алкалоид
16.67%
Никола Митревски - голман - Еурофарм Пелистер
16.67%
Богдан Радивојевиќ - десно крило - Еурофарм Пелистер
0.00%
Христијан Митревски - лев бек - Еурофарм Пелистер 2
0.00%

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 9. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

Голман: Никола Митревски (Еурофарм Пелистер) – Чуварот на мрежата имаше одлична партија на мечот против Охрид и запиша дури 20 одбрани.

Лево крило: Улфи Тордарсон (Алкалоид) – Левото крило беше најдобар стрелец со осум гола во триумфот против Бутел Скопје.

Лев бек: Христијан Митревски (Еурофарм Пелистер 2) – Беше меѓу најдобрите поединци во победата над Струга.

Среден бек: Омар Мамду (Куманово) – Египетскиот интернационалец даде свој придонес во убедливата победа над Радовиш.

Десен бек: Никола Шипинкоски (Прилеп) – Младиот десен бек беше меѓу најдобрите поединци против Пролет.

Десно крило: Богдан Радивојевиќ (Еурофарм Пелистер) – Српскиот интернационалец даде девет гола во дербито против Охрид.

Пивот: Кристијан Анастасовски (Вардар) – Кружниот напаѓач одигра одличен натпревар против неговиот поранешен клуб.

____________________________________________________________________________________________________
▶▶▶  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________