Денеска во центарот на вниманието ќе бидат полуфиналните средби од завршниот турнир во Лигата на Европа во Хамбург.
Поради финалето во фудбалската Лига на шампиони, двете средби наместо во вообичаените термини се играат од 12:30 часот и 15:30 часот.
Најпрво Монпелје ќе го предизвика Кил, а потоа следува германскиот двобој меѓу Мелсунген и Фленсбург.
Покрај за трофејот во Лигата на Европа, победникот на ова натпреварување ќе добие и место во наредната сезона во Лигата на шампионите.
На домашна сцена, ќе се спушти завесата во Супер женската лига, а екипата на Пелистер ќе го пречека Куманово во резултатски неважен меч.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
14:30 ПЕЛИСТЕР – КУМАНОВО (СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА)
12:30 МОНПЕЛЈЕ – КИЛ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
15:30 МЕЛСУНГЕН – ФЛЕНСБУРГ (ЛИГА НА ЕВРОПА)

























