Денеска во Таранто беше извршена ждрепката за групната фаза на Медитеранските игри што ќе се одржат од 22 август до 30 август.
Македонија ќе биде претставена само со женската репрезентација на ова натпреварување, а со оглед на тоа дека се пријавени само шест селекции, ќе се игра по принципот секој со секого.
Нашите девојки ќе се борат со Алжир, Италија, Грција, Косово и Тунис, а распоредот ќе биде дополнително познат.
Потоа прво и вторпласираната селекција ќе играат меѓусебе за злато, додека оние што ќе бидат трето и четврто место ќе се борат за бронзениот медал.
Кај момците, во групата А се најдоа Португалија, Египет, Италија и Косово, додека во групата Б се Тунис, Алжир, Грција и Кипар.
























