Загреб во минатите пет дена беше домаќин на кадетските Европски првенства во машка и женска конкуренција во ракомет на плажа.
Титулата кај момците ја освои Шпанија, откако во финалето беше подобра од Германија со 2-1 во сетови.
Првиот и припадна на „фуријата“ со 28-22, но Германците не се предадоа и израмнија на 1-1 откако го освоија вториот сет со 24-20. Во „шут-аут“, подобри беа Шпанците со 8-4 за конечна победа.
Бронзата и припадна на Унгарија со пресврт победа над Норвешка со 2-1.
Кај дамите, најдобра беше Унгарија, која славеше со пресврт против Шпанија со 2-1, додека бронзата отиде во рацете на Германија која беше подобра од домаќинот Хрватска со 2-0 во сетови.

























