Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од младинското ЕП во Романија.
Покрај машката младинска репрезентација, Македонија ќе им свои претставници и меѓу судиите во Клуж и во Турда.
Тоа ќе бидат браќата Михајло и Методија Илиевски, кои одново ќе судат на големо натпреварување во младинските категории.
Ова е уште едно признание за македонската двојка, која полека си го гради својот пат на меѓународна сцена.
ЕП во Романија стартува од 8 јули.























