По завршувањето на СП избрани најдобрите – Германката Литвинов е МВП!

По завршувањето на Светското младинско првенство во Кина, на кое Германија ја освои титулата со победата над Данска (33:26), беше објавен и идеалниот тим на турнирот.

Најкорисна ракометарка (МВП) на шампионатот е германската репрезентативка Руслана Литвинов, која покрај 22 постигнати гола запиша и 28 асистенции, а блескаше и во одбраната со 14 украдени топки.

Новиот светски шампион Германија има уште една претставничка во идеалниот тим Кјара Рор, која беше избрана за најдобро лево крило.

Најмногу ракометарки во Ол-стар составот има Данска. Голманката Фреја Фонсека Нилсен е прогласена за најдобра на својата позиција, Јули Грот Персон е најдобар десен бек, додека Кристине Емилие Хопе е избрана за најдобар среден бек и воедно е најдобар стрелец на шампионатот со 66 погодоци.

Франција има една претставничка во идеалниот тим – Давија Абду, која беше избрана за најдобро десно крило.

Шпанија, пак, доби две места во Ол-стар составот. Белен Родригез Ларио е најдобар лев бек, додека Кели Фонкенг Мфотиог е избрана за најдобар пикер на турнирот.