Селекторскиот тандем на младинската репрезентација на Норвешка, Јорген Лауг и Фредрик Тоне, ги избраа 16 ракометари што ќе бидат дел од Европското првенство во Романија.
Првиот ривал на Македонија на континенталниот собир на списокот има само ракометари од домашниот шампионат – од елитната конкуренција и од првата дивизија.
Меѓу нив е помладиот брат на Сандер Сагосен, Цилјан, кој ги брани боите на Берген, но веќе го привлече вниманието на големите европски клубови.
Македонија ќе игра против Норвешка на 8 јули од 13:30 часот, додека во групата се уште Данска и Хрватска.

























