Тимот на Пелистер кој беше елиминиран во суперлигашкиот бараж од Ѓорче Петров 2, започна да се подготвува за претстојната сезона во прволигашката конкуренција.
Првото ново име во составот на Моника Талевска е голманката Ана Марија Горговска, која доаѓа од суперлигашот Куманово.
Таа потекнува од Гевгелија и покрај настапите за матичниот клуб, беше дел од Куманово со кој имаше и настапи на европска сцена.
Горговска имаше повеќе одлични партии минатата сезона и беше меѓу најзаслужните што Куманово се пласираше во ТОП 4 во Супер женската лига.
Досега битолчанки останаа без десниот бек Анастасија Тодоровска која ќе ја продолжи кариерата во Вардар.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________























