ТРИ ЅВЕЗДИ НА 7. КОЛО ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Како што најави 24Ракомет, единствениот специјализиран портал за ракомет, од сезонава ќе избира и „ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.

Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“. На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеалниот тим на сезоната, што за вторпат ќе биде направен во првенството на Македонија.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“. Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 3. коло од единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.

Со натпреварот меѓу Металург Автокоманда и Гевгелија беше комплетирано 7. коло во Женската лига. Актуелниот бранител на титулата, тимот на Ѓорче Петров во дербито против Чаир оствари убедлива победа, па така „лавиците“ од Ѓорче остануваат со максимален ефект во единственото женско сениорско натпреварување во Македонија.

Во изборот за ѕвезда на седмото коло има по една ракометарка од Деспина, Куманово и Ѓорче Петров.

За ѕвезда на колото може да гласате до недела до 12:00 часот.

Женска лига, 7. коло, резултати:

Металург Автокоманда – Гевгелија 43:9 (ИЗВЕШТАЈ)
Ѓорче Петров – Чаир 45:29 (ИЗВЕШТАЈ)
Спартак – Овче Поле СУ 26:25 (ИЗВЕШТАЈ)
Вардар – Куманово 24:25 (ИЗВЕШТАЈ)
Стружанка – Шампион 39:33 (ИЗВЕШТАЈ)
Деспина – Скопје 24:20 (ИЗВЕШТАЈ)
Пелистер – Астибо 37:18 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ19181055
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА19161249
3ЧАИР19161249
4КУМАНОВО19150445
5ВАРДАР19141443
6СТРУЖАНКА1991928
7ПЕЛИСТЕР 20121991928
8СКОПЈЕ19721023
9ДЕСПИНА19611219
10СПАРТАК19511316
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.19431215
12АСТИБО19401512
13ШАМПИОН1921167
14ГЕВГЕЛИЈА1910183

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 7. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА?

Симона Грујовска - Куманово
51.32%
Мери Гичева - Деспина
42.09%
Анастасија Николовска - Ѓорче Петров
6.58%

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 7. КОЛО

Анастасија Николовска (Ѓорче Петров) – Левото крило во натпреварот со Чаир, кој требаше да биде дерби, а излезе само појак тренинг на „лавиците“, доминираше на теренот од контри и полуконтри и во мрежата на гостинскиот тим постигна дури 12 погодоци.

Мери Гичева (Деспина) – Искусната ракометарка со осум погодоци го предводеше својот тим до прва сезонска победа. Деспина во дуелот со Скопје се покажа како подобар ривал, а на теренот некогашната репрезентативка на Македонија освен што погодуваше одигра на ниво во одбраната и подели неколку асистенции кон своите колешки.

Симона Грујовска (Куманово) – Младата голманка беше една од најзаслужните за победата на вицепрвакот во дерби дуелот против Вардар. Грујовска против својот поранешен клуб се покажа во одлично светло и дуелот го заврши со 10 интервенции.