Поранешната македонска репрезентативка Матеја Стефановска има нов клуб во австрискиот шампионат.
Таа ќе настапува за составот на Холабрун, кој се натпреварува во втората по ранг конкуренција во Австрија.
Стефановска претходно беше дел од составите на Егенбург и Штокерау, и вкупно досега во Австрија мина пет сезона.
Искусната голманка кариерата ја почна во редовите на Металург, а играше и за ПАОК (Грција), Славија Прага (Чешка), Ринкобинг (Данска) и во минатата сезона во Макаби Аразим Рамат Ган во Израел.
























