Ѓорче Петров покажа моќ и доминација – сега го „преслуша“ Чаир

Скандирањето на публиката „Цунами, цунами“ најдобро отсликува како помина дуелот меѓу Ѓорче Петров и Чаир. Ѓорче Петров направи сериозен чекор кон одбраната на титулата откако во дербито на седмото коло го „преслуша“ Чаир, победувајќи го со 45-29 (21-9). И не само што победија домаќинките доминираа во текот на целиот меч. Сега актуелниот првак е сам на врвот на табелата со 21 бода, три повеќе од Куманово, а пет повеќе од Вардар и до Чаир.

Средбата во салата „“Христо Батанџиев“ требаше да биде дерби на колото во женската лига, но шампионот Ѓорче Петров за само едно полувреме покажа „кој е кој“ во салата и во првенството. Не само што имаше предност од 21-9 по 30 минути, туку целосно го „разби“ гостинот.

Немаше решение гостинот за играта на ѓорчепетровки, а особено во нападот Чаир беше немоќен, недоволно инвентивен и пред се непрецизен. Голмaнката на домаќинките , Слободанка Кицеска имаше осум одбранети топки, наспроти пет на гостинските голмани Којовиќ и Митровиќ. Кицевска „фрлаше милиметарски контри“ кон Анастасија Николовска која што од крило што од контри го полнеше противничкиот гол.

На секоја грешка во нападот на Чаир, следуваше казна со гол. Откако во 5 минута Чаир намали на 4-3 следуваше период на пад во играта, пад на концентрацијата, и за четири минути Ѓорче Петров веќе водеше со 9-3 во 9 минута. Тоа беше најава дека не само што бодовите ќе останат во Ѓорче, но и најава за можна „катастрофа“. Гостинките има и двоцифрен број на технички грешки во првото полувреме, а домаќинките двојно помалку.

Лошата игра на Чаир продолжи и во следниот период, а „лавиците“ продолжија со исто темпо, брзо темпо, казнување на секоја грешка и агресивна одбрана. Лека полека предноста се зголемуваше, па прво во 24 минута беше раситнета „дестеката“, а домаќинките првпат имаа „плус 10“ за водство 16-6. Последните три минути од мечотпродолжи во нова доминација на Ѓорче Петров кои стигнаа до највиоските 19-7, и до крајот остана таа разлика од „плус 12“ гола.

Високата предност на шампионот донесе опуштање во играта, па за само 12 минути играње во вториот дел Чаир успеа да надомести пет голови од негативата и на намали на 29-22. Голманката Катарина Митровиќ во овој период одбрани пет упатени топки, а нападот на домаќинките не изгледаше веќе така убоит и прецизен.

И само што тренерот Симе Симовски побара тајмауат, стигна и корекцијата во играта на тимот, па брзо се врати разликата од десет гола во корист на Ѓорче Петров (33-23) на половина од вториот дел од натпреварот. Остануваше само рутински да се одработи остатокот од средбата и да се прослави седмата победа во првенството.

Ако Чаир с епонадева дека ќе успее да намалу под „десет“, Ѓорче Петров се погрижи за спротивното, па ја имаа највисоката предност од „плус 15“ гола за 42-27, а потоа и 44-29. Последните секунди преку Николиќ стигна и највисоката разлика, 45-29.

Во тимот на Ѓорче Петров најпрецизни беа Анастасија Николовска со 12 гола и Емилијана Ризоска со 10, а Севданур Озкан даде 10 гола за Чаир

Во следното коло Чаир ќе игра уште едне тежок натпревар, гостува во Куманово, додека Ѓорче Петров гостува кај Скопје.