Гроздановска го водеше Спартак до победа против Овче Поле СУ

Екипата на Спартак предводена од Ангела Гроздановска славеше на свој терен против Овче Поле СУ со 26:25 во натпревар од 7. коло од Женската лига.

Спартак сега на табелата има шест бода, додека тимот од Свети Николе на свое конто има бод повеќе од скопскиот ривал, односно седум.

Двете екипи одиграа променливо во текот на целиот натпревар, домаќинките претежно ја имаа контролата на теренот, но тимот на Овче Поле СУ не се предаваше и до самиот крај беше во игра за барем бод.

Црвениот картон на Наталија Манева во 50 минута, како и грешките во клучните моменти, беа причина гостинките да го загубат натпреварот.

Најефикасна во победничката екипа беше Ангела Гроздановска, која постигна девет погодоци. Во солидно светло во составот на Спартак се покажаа и Мила Мемов и Михаела Ангеловска, кои постигнаа по пет погодоци.

Во составот на Овче Поле СУ најефикасна беше Анастасија Сентовска со седум реализации една помалку имаше Јована Конева.