Барселона го продолжи договорот со исландскиот репрезентативен голман Виктор Халгримсон, кој во каталонскиот гигант ќе остане најмалку до 2029 година.
Клубот официјално потврди дека двете страни постигнале договор за продолжување на соработката и 24-годишниот голман ќе остане во „Блауграна“.
Халгримсон во Барселона пристигна минатото лето од полскиот шампион Висла Плоцк, а со новиот договор неговата иднина во каталонскиот клуб е обезбедена во следните три сезони.
Исландскиот репрезентативец е еден од голманите на кои Барселона сериозно смета во иднина, па со продолжувањето на договорот клубот испрати јасна порака дека има голема доверба во неговите квалитети.

























