Ива Младеновска ги постигна првите голови за Борусија Дортмунд

Македонската репрезентативка Ива Младеновска ги одигра првите натпревари и ги постигна првите погодоци за новиот клуб Борусија Дортмунд.

По настапите за француските Брест Бретањ и Безансон, Младеновска се пресели во Германија и ќе игра во Лигата на шампионите.

На последната пријателска средба Борусија Дортмунд славеше против данскиот Виборг со 36-33, а Младеновска даде еден погодок.

Германскиот состав славеше против Ринкобинг со 35-34 во тренинг кампот во Данска, а претходно ги победија локалните ривали Солинген и Букстехуде.