Францускиот репрезентативец Николас Турна од претстојното лето ќе го носи дресот на неговиот претходен клуб Нант.
Тој се враќа во позната средина иако имаше активен договор со Келце, а во спротивна насока оди Тео Монар, кој се обврза на верност до 2027 година.
Покрај трампата меѓу двата кружни напаѓачи, во Келце доаѓа и десен бек од францускиот Нант.
Тоа е Хорхе Македа, некогашен играч на Вардар, кој во меѓувреме беше дел и од ПИК Сегед и Веспрем.
Шпанскиот десен бек ќе му прати друштво на Алекс Душебаев, откако планираното засилување Доминик Мате заработи тешка повреда.