Екс пелистерецот Василев замина од унгарскиот Балатонфуреди

Рускиот кружен напаѓач Денис Василев го напушти унгарскиот Балатонфуреди по истекот на договорот.

Василев беше дел од унгарскиот клуб од летото 2024 година, кога пристигна од Еурофарм Пелистер. Во сезоната што измина одигра 12 натпревари и беше подолго време надвор од терените поради повреда.

Ракометарот роден во Астрахан во својата кариера настапуваше и за руските екипи Динамо Астрахан и Чеховски Медведи, а беше дел и од репрезентацијата на Русија на Светското првенство во 2021 година.

Потоа беше дел и од францускиот Шарт, како и украинскиот првак Мотор Запорожје, од каде дојде во Битола.